Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка, вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
– Ќе си најдете начин да донесете барем една декларација во Парламентот кадешто ќе го признаете македонското малцинство, изјави градоначалникот на Куманово, во гостувањето во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија.
Димитриевски потенцираше дека Бугарите мора да признаат еден непобитен факт, а тоа е дека Македонецот постои и не може да велат дека Македонците настанале после 1946-та година.
Во емисијата, тој посочи дека во периодот од 1941 до 1944 година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција и за тоа постојат документи, а официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.