Легендарниот турски голман и актуелен тренер на Хатајспор, Волкан Демирел, упати потресен апел за помош по страшниот земјотрес што ја погоди Турција.
Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди југоисточниот дел на земјата.
Поранешниот голман на Фенербахче и на турската репрезентација, кој моментално работи како тренер во Хатај, градот кој беше најблиску до епицентарот на земјотресот, се јави преку Инстаграм и побара помош.
„Помогнете, сакам да ги испратите сите ресурси, ве молам! Ве молам во името на Бога, овде умираат луѓе“, низ солзи рече очајниот Демирел.
Според последните информации, во разорниот земјотрес загинале повеќе од 1.500 луѓе.