Нов потрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Турција попладнево во 17:33 часот, јави Европската медитеранска сеизмолошка опсерваторија.

Во последните три часа, Турција ја погодија уште неколку земјотреси посилни од 4,5 степени, а два од нив беа посилни и од пет степени по Рихтер.