Јованка КЕПЕСКА

Она што вистински го определува развојот и на поединецот и на општеството е творештвото. За творештвото суштествена е слободата, односно да се одвива со знаење и вештини и претпоставено во соодветна организација во општеството и на микро план. Творештвото кое настанува освен врз дотогаш стекнатото знаење, претставува и сознание за конкретните околности во кои се дејствува. Неотфрлајќи ништо дотогаш спознато, а осознавање на конкретни моменти во кои се дејствува. Ова се однесува на сите облици на дејствување при што човекот ги ослободува своите сили и на тој начин реализирајќи се. Се разбира човековата потреба е да дејствува и поетично, да се искаже и според законите на убавото.

Слободата, секако, е определена со правото. Што значи дека творештвото се одвива во зададена рамка. За творештвото, сепак, и во крајна линија, и поединците и општеството мораат да се ослободат од сите ограничувачки стеги. Невозможно е слободно да се дејствува во услови на надреденост од општествени фактори и со бирократски притисоци. Како што, исто така, творештвото го оневозможува и схоластичкото знаење, презентирано институционално.

Токму свеста, неослободена и контролирана од бирократските сили, придонесе да се случи длабоката егзистенцијална криза што, денес, ја доживуваме. Непонудувајќи решенија за надминување на проблемите што се јавија, а власта, поради сопствената нединамичност, ненадминувајќи ја негрижата за реалноста, по инерција на старата идеологизирана свест, штетна во времето кога се поставени нови барања, не обезбеди решенија да се надмине состојбата.
Научниот пристап со некритичкиот став кон политиките на номенклатурата, нé доведе до аберација на сознанијата за решавање на моменталните проблеми, а да не говориме и за како штетни во проценките за потребите на развојот. А науката, согледувајќи ја состојбата, е повикана да укаже на можностите да се надмине стварноста, како нејзина можност, потребите на развојот за да можат да бидат остварени. Потоа политиката успешно за да ги реализира.

Имено самиот излез од егзистенцијалната криза би се разрешувал врз истите параметри какви што се знаењето, ослободеното творештвото и со соответната организација остварена на политиката. Како што ќе беа употребени за да не дојде до кризата. И како што за да се извојува напредокот е потребна широко ослободената општествена енергија враќајќи ја слободата на поединците.

Сведоци сме дека несоодветната свест и политика ја создадоа неспремноста за дебатата со меѓународниот фактор при проектирањето на штетните, за Македонија, договори.

Неослободената свест создава последици врз општествените одлуки за нашето општественото реализирање. Познато е дека во процесот на дефинирањето на ставовите за одлучување во Собранието на државата се ограничува мислењето на пратениците на колективниот став на партијата. Притоа не се прифаќаат релевантните становишта на опозициските партии.

И друго. Иако во локалната самоуправа демократскиот процес е пожив и усмерен на потребите на населението.
Информациите за одлуките често не содржат и критички пристап како би покажале додатен напор за надминување на незадоволувачките состојби и овозможување на напредокот.

Всушност продолжува практиката од негативното наследство од минатото при информирањето да се апстрактираат најзначајните општествени проблеми и дебатите да се сведуваат на површен пристап. Оправдувањето е со замислениот, за нив, просечен примач на информации. Наместо негово вклучување во градењето на одговорот за решувањето на горливите прашања. Не ретко е практиката да се дава бланко подршка на естабишментот.
Непочитувањето и неприфаќањето на искажаните ставови и сознанија од страна на граѓанскиот сектор е во склопот на општата состојба во општеството на ограничено дејствување.

Би рекле, дека, сé на сé, тоа е состојбата во нашето општество во која ни се ускратува можноста за остварување на творештвото како наша животна потреба за реализација и вистинско исполнување на времето што ни е дадено во животот. И што треба што побрзо да се промени.