Поради силни инфекции на дишните патишта поради загаден воздух, како во затворен простор, така и на отворенo, годишно во светот живот губат околу 600 илјади деца помалди од 15 години, соопшти Светската здравствена организација.
Загадувањето на воздухот е „како тутун”, потенцира генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во соопштение објавено на веб-страницата на Организацијата, која денеска и утре во Женева ја одржува Првата светска конференција за загадување на воздухот и здравјето.
Се смета дека дури 93 отсто деца помлади од 15 години (1,8 милијарди деца во светот) вдишуваат загаден воздух што може да ги загрози нивното здравје и развој.
Во светот 91 отсто луѓе вдишуваат загадениот воздух поради што годишно умираат околу 7 милиони луѓе, соопшти СЗО.
Во 2016 година загадениот воздух во затворен и на отворен простор бил причина за смртта на 543.000 деца под петгодишна возраст и 52.000 деца на возраст од пет до 15 години, како резултат на предизвикани респираторни инфекции, се вели во извештајот