За 5 години изградивме 72 детски градинки, а оваа година ќе изградиме уште 20 низ целава држава, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
Бројката од изградени 72 градинки и уште 20 годинава звучи импресивно, како и бројката за изградени 1.300 километри патишта низ земјава, со која се фали СДСМ, а граѓаните се прашуваат каде се тие градинки и тие патишта?! Во продолжение комплетното соопштение од владејачката партија:
Владата предводена од СДСМ се грижи за најмладите, во континуитет инвестира во детската заштита, како еден од клучните столбови на детскиот развој.
За пет години, од 2017 година, досега, изградени се 72 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца.
Дел од нив се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.
Во минатата 2022 година, изградени или доградени се 10 градинки во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.
Со тоа, само за една година, капацитетите на градинките се згоелемени за над 1.000 деца од целата држава.За оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата.
Владата предводена од СДСМ инвестира и во човечкиот потенцијал, за пет години, платите на вработените во детската заштита се зголемени за 36 отсто.СДСМ постојано докажува што значи вистинска грижа за најмладите.
Центар за односи со јавноста на СДСМ