Ова не е земја, туку само територија, пее познатиот бугарски рапер Устата во неговата најнова песна посветена за Македонија

Рап пејачот Иван Динев, попознат по псевдонимот Устата, на својот фејсбук профил поставил можеби дел од својата нова песна посветена на Македонија, каде има околу 200 коментари и речиси 3.000 споделувања од неговите следбеници.

Во описот на видеото, Устата објаснува дека ова е „Лекција по македонска историја“.

За него, како и бугарските политичари, Македонија не е држава, туку само територија.

– Мала провинција со големи амбиции, израсната во бугарски традиции – пее Устата. Тој додава дека „Георги Димитров и ја подари оваа земја на Југославија“.

Еве дел од провокативниот текст на Устата од Бугарија:

Сите дрвја имаат бугарски корени пред 1945 година.

Таа земја e подарок од Георги Димитров на Југославија.

Вашиот јазик е дури и моделиран – Македонскиот е бугарски дијалект.

Ауу, но колку сте злобни! Извинете што ни е незгодно.

Гоце Делчев го напишаа за свој, уживате да го крадете нашиот херој, а?

Вашиот крал бил Самуил – таратанци, а на оваа глупост се смеат и Албанците.

Сè уште сте отворени дека сте биле први. Зошто не се однесувате така со Србите?

Еј Македонијо! Маке, Маке, Маке, Македонија, наскоро нема да бидеш Европејка. Седи кротко на резервната клупата!

Еј Македонијо! Маке, Маке, Маке, Македонија, биди малку поскромна, таа бугарска крв, тече во вашите вени.

Видеото и рапувањето на Устата може да го видите и слушнете ТУКА.