ДУИ е причината за овие рокади, изјави поранешниот висок фукнкционер на СДСМ, Гордан Георгиев, кој вечерва беше гостин во Клик Плус на ТВ 21.
Околу новата ситуација и реконструкцијата на Владата, Георгиев кажа дека можеби причината за овие рокади лежи во ДУИ, и додава дека оваа партија си ја зацврстува својата позиција, додека другите излегуваат како „ранети“.
– Во СДСМ не верувам дека постои проблем во моментов, но исто така овие рокади нема да донесат зголемено мнозинство. На крајот испаѓа дека ДУИ е причината за овие рокади. Овие случувања ја зацврстуваат позицијата на ДУИ визави огнените, а за сите други партии можам да кажам дека се ранети од ова. Алтернатива секако, Алијанса го загуби тоа опозициско кредо…. Некако има девалвација на албанскиот глас, рече Георгиев.