Сите училишта ги смениле меил адресите, како една од мерките за спречување на дојавите за наводно поставени ексползивни направи, но ни тоа не помогна.. Премиерот Ковачевски се сомнева дека зад оваа хибридна војна стојат структури од странство, но и од земјава, кои се против определбата на Македонија црвсто да стои во поддршка на политиката на ЕУ, особено за војната во Украина.
-И при промената на е-маил адресите кај училиштата, бидејќи се ставени на еден сервер, којшто е заштитениот сервер на МОН, како тие веднаш адресите на училиштата се нашле кај тие што пријавуваат бомби. Претпоставка би била дека вклучува некој кој што не сака Македонија да ја има својата надворешна политика каква што ја има усогласена со ЕУ, изјави Ковачевски.
И по речиси шест месеци истражните органи немаа одговор кон конретно стои зад овие хибридни напади и како да се спречат, особено откако на мета беше и Фондот за здравство.. Пред неколку дена Владата усвои и сет мерки со кои ќе ја подобрува безбедноста на информациските системи во институциите , но дел од безбедносните експерти сугерираат дека државата можеби ќе треба да го промени пристапот.
-Полицијата треба будно да ги следи средните школи, да презема и превентивни и репресивни мерки а дојавите да ги стави под една друга контрола што би значела јавноста што помалку да биде вклучена, но од друга страна со преземање на мерки и активност. Тоа значи дека со самото игнорирање ќе постигнеме два ефекти, почестото јавување ќе го намалиме бидејќи со испразнувањето на школите и моловите, оние што дојавуваат ја постигнуваат целта.-изјави – Стефан Буџакоски – Универзитетски професор.
Помош за справуавњето со заканите се очекува и од НАТО и партнерските служби од другите земји, а премиерот најави дека во земјава се очекува да дојде и помошник-генералниот секретар на НАТО за сајбер и хибридни напади