Наскоро и децата ќе ги плашиме со демократијата, вели проф. д-р Солза Грчева, поранешна пратенилка и лидерка на партијата Глас за Македонија.
Во продолжение нејзината објава на Фејсбук, полна со иронија за она што денес го нарекуваме демократија:
Наскоро ќе почнеме да ги плашиме децата со: “Пазете доаѓа демократијата”.
Во име на “демократија” ни е натурена влада со “шарена револуција” од импорт
Во име на “демократија” ни е сменето името
Во име на “демократија” се краде наголемо, меѓу другото и изборите
Во име на “демократија” се цензурираат и прогонуваат новинари, но и политичари со поинакви ставови
Во име на “демократија” власта без никаква поддршка, како стара закрпа, се држи на сила
Во име на “демократија” станавме страна во војна
Во име на “демократија” цените отидоа до небо, а е само почеток
Во име на “демократија” не се слуша гласот на мнозинството од народот
Деца, пазете се. Доаѓа уште поголема “демократија”!