Огромна дупка со дијаметар од 37 метри и длабочина од 12 метри е создадена на 24 февруари во Карапинар, град во турската област Коња.
Техничкиот универзитет во Коња (КТУН) и професорот Фетула Арик го објавија овој случај.
„Бевме во областа каде што беше формирана дупката за да ја испитаме. Сепак, не можевме да ги поврземе овие дупки со големите земјотреси кои се случија на 6 февруари“, изјави Арик, а пренесува ТРТ Хабер.
Професорот не смета дека дупката не е поврзана со најразорниот земјотрес.
„Ако требаше да има вакво уривање на земјата, тоа ќе се случеше за време на земјотресот, а тоа не беше случај овде“, додаде тој.
After the major earthquake of Feb 6, several sinkholes formed in Turkey
This one was discovered in Konya, Karapınar district, on Feb 24 after a M4.3 earthquake: it has a diameter of 37 meters and a depth of 12 meters
[read more: https://t.co/RXpiPW5cA3]pic.twitter.com/hAobfPlZvs
— Massimo (@Rainmaker1973) February 25, 2023