Чешкиот претседател Петр Павел не го отфрли сценариото во кое Украина би можела да направи територијални отстапки на Русија за да склучи мировен договор. Ова го изјави во интервју за ,,Сусплаин”.

– Реков: ќе направиме се за Украина да победи оваа година, но да бидеме подготвени за други можни исходи. Еден од нив може да биде подолга војна. Некои сценарија би можеле да се заклучат кога не само граѓаните, туку и политичкиот врв ќе станат свесни дека придобивките од враќањето на целата територија ќе имаат неподнослива цена, на пример во вид на човечки животи – рече шефот на чешката држава.

Павел појасни дека не му нуди отстапки на Киев – таква одлука може да донесе само владата на републиката.

– Многу е полесно да ви кажам дека треба да се држите до принципот „до последната капка крв“. Звучи добро, но тоа не е моја крв, туку твоја. Затоа велам дека зависи од вас – резимира Павел.