. Едвај 15 минути имаа настава учениците во прва смена откако голем број основци и средношколци мораа да ги напуштат образовните установи, известува ТВ СИТЕЛ.

-Евакуирани се учениците и вработените, испратени се дома и веќе во тек е он лајн настава. Само два тројца наставници се пожалија дека неможат да се вклучат, но другото се е во ред. Од трет час продолжи онлајн наставата, изјави Марјан Јовановски директор на ОУ Ѓорѓија Пулевски

И додека наставници и ученици утрово реагираа дека немаат пристап до Тимс, од министерството за образование тврдат апликацијата функционира.

Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на Teams, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки, велат од МОН .

Бабите и дедовците утринава беа спасот за основците кои не можеа да останат во училиштата. Но и тие се револтирани од неколкумесечниот хаос.

-ни рекоа бомба, дојава и децата трчаа..Дојава и ја зедов, исто и завчера

Ова веќе не е во ред навистина. Мора државата итно да реагира ида се најдат оние кои секојдневно ги малтретираат децата….анкета

Бидејќи многу родители чии деца се во целодневна настава реагирале за општиот хаос со земање на учениците, надлежните бараат решение и за ова.

-Очекувам и од МВР од новите проверки и насоки што ќе ги добиеме ќе дискутираме со другите ресорни министерства за да најдеме посодветно решение, вели Јетон Шаќири министер за образование.

Денеска имало рекордни 81 дојави за бомби во основни и средни училишта во главниот град. Заканите не се престанати од октомври минатата година, се вели во прилогот на СИТЕЛ.