За време на денешната посета на Узбекистан, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека администрацијата на Бајден видела „нула докази дека рускиот претседател Путин е подготвен да се вклучи во сериозни мировни преговори“.
Претходно и Кина и Белорусија, која е близок сојузник на Русија, повикаа на почеток на преговорите.
„Напротив, сите докази укажуваат во спротивна насока“, рече Блинкен.
„Вистинското прашање е дали Русија ќе достигне точка каде што е навистина подготвена да ја прекине својата агресија“, додаде тој.
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во Европа инсистираат на тоа дека нивната главна цел засега е да ја зголемат воената помош за Украина за таа да може да ја врати својата територија и да биде во подобра позиција доколку на крајот започнат значајни преговори.
„Само тогаш ќе има шанса за праведен и траен мир“, рече Блинкен.