Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која тројцата новоименувани амбасадори на земјава за Словенија, Шпанија и Швајцарија ќе ги претстават платформите за нивната дипломатска активност.
Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се претстават Горан Милевски, кој е именуван за амбасадор во Словенија, Едмонд Адеми во Шпанија и Реџеп Демири во Швајцарија.
На дневен ред на седницата на оваа собраниска Комисија се уште две точки – Предлог на законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина и Предлог на законот за ратификација на Протоколот 16 кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.