Американскиот претседател Џо Бајден, по неодамнешниот колапс на американските банки „Банката на Силиконската долина“ и „Сигничр банк“, изјави дека банкарската криза се смирила.
Поради минатонеделниот финансиски колапс, вредноста на акциите на берзите падна за неколку милијарди долари.
Регулаторот во Калифорнија, дом на двете банки кои пропаднаа минатата недела, нареди затворање на „Банкатa на Силиконска долина“ и ја назначи Федералната корпорација за осигурување депозити да ги преземе нејзините обврски.