Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе ги истражува фирмите избрани за надзор на коридорите 8 и 10д. По низата скандали во јавноста за изборот на фирмите кои ќе го вршат надзорот, обвинителството отвори предмет по допрен глас.
„ Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, соопштија од Обвинителството.
Оваа одлука од обвинителството доаѓа откако речиси еден месец надзорот не престанаа да го „тресат “ скандали, а од Владата тврдеа се е по закон.
22 ,3 милиони евра се обврза Владата да плати на тројката која ќе го врши надзорот повикувајќи се на тоа дека ангажирале меѓународни експерти, кои подоцна испадна дека во најголем дел се домашни. Петмината експерти според договорот треба да добијат паушали од по 300.000 евра, а пак надзорните инжењери дури по 20 илјади евра меечен хонорар.
Најмногу сомнежи дали се правилно избрани се појавија околу домашните компании „ Електра Солушнс “ и „ Евро консалтинг“ . И опозицијата и медиумите алармираа дека „ Евро консалтинг“ е во сопственост на Бранимир Димитриевиќ, кој е баран со потерница за криминал при надзор во Ерменија.
За другата домашна компанија „ Електра Солушнс“ , која ќе добие и најголем дел од 22 милионскиот колач обвинувањата се дека е нема доволно искуство во областа , односно дека дури минатата година влегла во градежни работи, а до сега никогаш не вршела надзор. Најголемото искуство во работењето го стекнала со производство на долна облека. Лиценцата за вршење надзор ја добива кратко време по распишување на огласот.
За изборот на фирмите на надзор, предмет отвори и Антикорупциската комисија
Инаку, проектот тежок над 1.3 милијарди евра беше доделен на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.