САД може да распоредат до 15.000 војници на границата со Мексико за да спречат влегување на каравани со среедноамерикански мигранти кои бегаат од сиромаштијата во своите држави, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
– Што се оденсува до караваните мигранти нашата армија е распоредена. Имаме окоу 5.000 војници и ќе распоредиме до 10.000 или 15.000, нагласи Трамп.
Два каравана со колу 6.000 луѓе од Средна Америка моментно се на југ во Мексико и се движат кон американската граница каде мигрантите планираат поднесување барање за азил.
– Имиграцијата е многу важна и многу опасна тема, додаде Трамп на прес конференција.
Пентагон досега одобри распоредување на околу 5.000 војници на границата САД-Мексико на кои ќе им се придружат околу 2.100 веќе мобилизирани припадници на Националната гарда.