Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ослободен од притвор откако го слушна обвинението и се изјасни за невин.
Трамп се изјасни за невин во судот во Менхетен, каде по неговото формално апсење му се суди за 34 точки од обвинението, јави Скај Њуз.
Тој се изјасни за невин по сите 34 точки од кривичното дело за фалсификување деловни книги, јави британскиот медиум.
Во судницата имаат пристап само неколку медиуми и затоа се уште не се знаат сите детали за обвинението.