Клиничката болница Тетово треба да опслужува над 200.000 пациенти од целиот полошки регион, но голем број од граѓаните, здравствена помош бараат на скопските клиники.
– Нашата болница може да ја споредам со нула, ние сме стари со сопругата кога одиме немам никаква помош, нема стручни лица, се’ е партиски внатре, вели еден повозрасен жител на Тетово.
Друг додава:
– Клиничката болница во град Тетово не функционира никако, катастрофа е таму и не само во Тетово, па и во Битола и во Штип и во Куманово, можам да кажам дека е слична состојбата, додава тој.
Трет тетовец слично:
– Јас не сум задоволен воопшто оти нема никаков ред, чекаш и три месеци за преглед, за толку време човек може и да почине. За ракава три месеци чекам, имам закажано и замислете после три месеци ми даваат приоритет, господ има, па сега што да правиме, тој на народов нека му дава здравје, раскажува тетовецот.
Новоназначениот директор на оваа здравствена установа Плумб Вела, вели дека потребна е помош од Министерството за здравство, за да застане установата на здрави нозе.
Но, проблемите на болницата не завршуваат тука. Од вкупно 6 лифта колку што има установата, функционираат само два, но и тие не се безбедни, а кај нив се појавуваат чести дефекти, па пациентите ги користат скалите. Но, тие кои се покритични и не можат да се движат по скали низ одделенијата и амбулантите, медицинскиот персонал ги разнесува со ќебиња и чаршави.
Целата статија во Слободен печат.