Во Струмица денеска ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница.

По отслужувањето на Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, синоќа иконата беше пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде е поставена за поклонение на верниците.

Свечената литија денеска ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.