Поранешниот директор на „Комунална хигиена“ во Скопје, Абдусамед Шабани од ДУИ, на „Фејсбук“ се пофали со новото работно место – организациски директор на Клиниката за кардиологија.

-Денеска ја преземав функцијата организациски директор во Клиниката за Кардиологија-Скопје, им се заблагодарам на сите пријатели за поддршката особено за довербата на претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети. Ќе бидам на услуга на сите граѓани без разлика на етничката, верската или партиската припадност…, порача тој.