Специјалисти педијатри, интернисти, кардиолози, гинеколози, инфектолози… Лекари од речиси сите специјалности си замиуваат од јавното во приватното здравство, а не ретко незадоволни од условите за работа во Македонија земаат билет во еден правец, најчесто до Германија, објави ТВ Канал 5.

Помеѓу последните во низата одливи на кадар од државните болници е и случајот со Детската клиника, од каде според извори на ТВ Канал 5, отказ за да работат во приватна болница во изминатиот период си дале петмина специјалисти, а уште неколку најавуваат дека ќе си одат.

– Некои во приватното, но голем дел одат на работа странство, барем според бројот на издадени потврди од Лекарската комора која мора да има лекар за да замине во странство, дали за работа или за досоувршување. А само во првите четири месеци од годинава издадени се вакви 75 документи, покажуваат податоците од ЛК. Под претпоставка дека сите побарале потврда за да заминат во странство барем 18 лекари месечно го напуштиле македонското здравство, објави ТВ Канал 5.

Според статистиката од Комората од последните пет години, просечно 170 лекари годишно заминуваат во странство, сепак оттаму велат дека четириесетина од нив одат на доусовршување и се враќаат назад, што по груба математика значи дека годишно заминуваат околу 130 лекари.

Целиот прилогот на ТВ Канал 5 може да го прочитате ТУКА.