ВУЧИЌ ВО ОБРАЌАЊЕТО ДО НАЦИЈАТА: Денеска е еден од најтешките денови во модерната историја на нашата земја

/ 03.05.2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на нацијата, а причина за обраќањето на претседателот е големата трагедија која денеска ја погоди Србија.

Ученик (14) од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум ученици од тоа училиште и еден чувар, а повреди уште шест деца и наставничка.

Обраќањето започна со едноминутно молчење.

Претседателот изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Денеска е еден од најтешките денови во модерната историја на нашата земја“.

„За жал, Србија е обединета во тагата. Таа тага е толку голема што не се сеќаваме на поголема. Но, кога сме обединети во тагата, треба да ги погледнеме причините, одговорноста на секој од нас и да бараме решенија, така што вакво нешто, колку и да е непредвидливо, а не велиме, никогаш повеќе, туку да се намалува бројот на трагедии“.

„Не брзав, никој не брзаше денеска да даде изјави, да види каде згрешил системот и каде е одговорноста на секој од нас, бидејќи не можеме да им ги вратиме децата на нивните родители.

„Момчето отсега е на посебно место. Ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко како сопственик на оружјето што го чувал незаконски иако имал дозволи, е уапсен, а во притвор е приведена и неговата мајка, поради многу приказни и многу лаги кои се шират на социјалните мрежи, јас сум должен како претседател да зборувам за вистинските обврски“.

„Ужасно злосторство се случи во едно од трите најдобри училишта во земјата“, рече Вучиќ во обраќањето , пренесе српски Курир.


Од истата категорија