Романија се снабдува од САД со уште три балистички системи Пaтриот, и првиот се очекува да стане функционален во 2020 година.
Романската Влада потпиша Договор со американската армија и ги префрли средствата на владините институции на САД за купување уште три системи за ПВО и ракетна одбрана.
– Романија го купува најмодерниот, успешен и ефективен тактички балистички систем во светот, изјави Мајк Елисен, менаџер во американската компанија „Рејтеон“.
Со купувањето на трите нови системи се финализира првата етапа од опремата. Сите системи ќе се вклучат во романските воздухопловни сили од втората половина на 2019 година.
„Првиот систем е планирано да биде оперативен во средината на 2020 година“, напиша министерот Михај Фифор на Фејсбук.
Во 2017 година, Романија потпиша договор со САД за купување седум американски ракетни системи во вредност од 3,9 милијарди долари.