Врвот на хипокризијата е што ставаат и европски знаменца на законите за градба на овие делови од коридорите. Значи решија и да крадат во име на ЕУ. Додека полнат џебови јавноста да мисли дека тоа има врска со европската интеграција на Македонија.
Европска вредност ли е работниците да ги тераат на повеќечасовна од со закон дозволена работна недела и со Устав потврдена. Европска вредност ли е да плаќаат стотици милиони евра пенали и аванси на уште не фрлена лопата.
И ова е класичен, многу точен пример за тоа како ја злоупотребуваат Европската Унија, пишува на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.