Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја потресе демиркаписката но и јавноста во Тиквешијата.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

ОЈО Кавадарци се уште врши увид на лице место во зграда во која се пронајдени тела на две починати лица.

– Се преземаат дејствија за испитување на настанот, информираа од Јавното обвинителство за МИА во врска со убиството и самоубиството.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години, па се самоубил. Наводно, причината била претходна расправија.

МИА се обрати и до МВР и се очекува официјална информација.

Последната вест е дека МВР потврди оти утрово се пронајдени две тела во нивните станови во зграда во Демир Капија, каде претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.

„Денеска (16.05.2023) во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“ , соопшти МВР, пренесе Макфакс.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.

Соседот пријавувал и претходно во МВР за вознемирување

Повозрасниот демиркапиец и претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе, денеска двајцата се пронајдени со прострелни рани. Ова го одговорија од МВР на прашање од МИА, во врска со убиството и самоубиството во Демир Капија.

-Последното пријавување е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти, без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака. Соседи, смирете се, во таа смисла. Бил извршен разговор со него. Тепачки никогаш немале, појаснија од МВР.

Претходно, МВР излезе  со информација за МИА, дека демиркапијците со прострелни рани се на возраст од 72 и 34 години.

-Денеска  во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.

Веста за убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за  МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.