Авион од типот Боинг 737 кружи над рускиот град Краснојарск и се подготвува принудно да слета бидејќи на кокпитот на авионот е напукнато стаклото.
Во авионот се 173 патници и членови на екипажот кои се на реалција од сибирскиот град Новосибирск кон јужниот кинески град Санџи.
Пилотот штом забележал напукнато стакло побарал принудно да слета на аеродромот во Краснојарск.
По повеќе од два часа кружење околу Краснојарск, „Боингот 737“ со 173 патници и членови на екипажот слета принудно во тој сибирски град.