Елена ДОЦЕВСКА БОЖИНОВСКА
Добивам многу прашања за тоа што се вели во Пресудата и што понатаму.
Пресудата вели дека е прекршен Член 5 став 4 од Европската конвенција за заштита на човековите права по повеќе основи при назаконско определување притвор, негово преиначување, негово продолжување, бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка…
Поминаа 5 години… во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена Спогодба. Ја одбив без размислување!
САКАМ ПРАВДА, НЕ ПАРИ!
Голема сатисфакција ми е напишаното на тоа парче хартија, сериозна потврда за тоа што беше и е евидентно од самиот почеток дека се работи за монтиран политички процес, со ѕверски притвори, уште поѕверски воден судски процес во крајно нехумани услови и околности (рочишта секој ден во низа, по 10-12 часа, без храна и вода…), драконски изречени казни за недокажано дело.
Пресудата е печат на тоа што повеќе од 5 години го кажуваме, што засекогаш ќе се раскажува како најголема неправда во историјата на македонското правосудство и нешто што никогаш не смее да се повтори.
Во услови на 4 посто доверба во судството, кршење и непочитување на закон, Устав на дневно ниво веќе, не, не би покренувала постапка и не би чекала правда од некој што е слеп пред неа, не би чекала примена на закон, од некој што го крши и применува по нарачка од штаб.
Со оваа Пресуда од Европскиот суд за човекови права (каде нема Кацарски/Русковска аршини) една битка е добиена, продолжуваме понатаму да ги биеме битките, ќе следат и други вакви пресуди за другите обвинети и осудени, продолжуваме до конечна победа и до конечна слобода на неправедно осудените уставобранители!