Компанијата ТикТок ја тужеше американската сојузна држава Монтана, првата што ја забрани апликацијата со закон.
Во тужбата се вели дека законот е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ дека кинеската влада може да пристапи до податоците на корисниците.
Тужбата на ТикТок доаѓа веднаш по тужбата поднесена од пет други креатори на содржини кои ги делат истите аргументи дека државата Монтана нема јурисдикција да се занимава со прашањата за национална безбедност, пренесува Глас н Америкa.