На 4 ноември 1939 година, Пакард го претстави 180 Туринг Седан, првиот автомобил со климатизација.
Наскоро, конкурентите на Пакард во битката за богати клиенти, Кадилак и Крајслер, понудија слични решенија, но сето тоа го прекина почетокот на Втората светска војна. Клима уредите се враќаат на авто пазарот во 1953 година, во престижниот бренд на Крајслер, Империал.
Во светот каде што само пред 15-20 години уредите за климатизација станаа стандарден дел од опремата за автомобили, речиси нереално звучи тоа што првата инсталација на тоа корисно помагало се случила речиси пред осум децении.
Дебатата за корисноста на клима уредите продолжува, факт е дека ја зголемува тежината и потрошувачката на гориво, но од друга страна, потрошувачката ја зголемуваат и отворени прозорци и докажано е дека концентрацијата кај возачите паѓа со зголемување на температурата, така што сосема е сигурно дека клима уредот ќе остане дел од сериската опрема и во иднина.