Средбата следува по инцидентите на северот од земјата, кога косовската полиција, и покрај противењето на Србите, обезбеди влез на новоизбраните градоначалници на Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан во општинските канцеларии.
Претходно Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на новинарски прашања за настаните во северно Косово. Сè уште не е ништо соопштено за евентуална прес-конференција на која Курти ќе одговара на новинарски прашања за оваа тема