Во февруари 2023 година, 76.505 лица првпат поднеле барање за меѓународна заштита во земјите на ЕУ, што е зголемување за 41 отсто во споредба со истиот период минатата година, се наведува во соопштението на Евростат.

Сиријците и Авганистанците се двете најголеми групи на првпат баратели на азил со 9.885 односно 9.310 случаи.

Руските граѓани се на осмото место, со 2.385 барања.