Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг разговараше со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за ситуацијата во Косово. Тој побара од Приштина да не прави еднострани потези.
„Приштина и Белград мора да се вклучат во дијалогот што го води ЕУ како единствен начин за мир и нормализација. Приштина мора да деескалира и да не презема еднострани, дестабилизирачки чекори“, рече Столтенбдерг, пренесува КоСсев.
Во петокот сили на Специјалната косовска полиција ги одведоа новите градоначалници Албанци во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток и покрај противењето и на локалното население и на меѓународната заедница.
Влегувањето беше проследено со инциденти во кои десетици граѓани беа полесно повредени, главно од солзавец, заедно со петмина полицајци. Оштетени се четири полициски возила, од кои едното е опожарено. Употребени беа солзавци и шок бомби, а во Звечан се слушаа пукотници, додека граѓаните накратко поставија барикади во Лепосавиќ.