Во борбите во руската Белгородска област, на границата со Украина, учествуваат и полски платеници, објавија полските медиуми.
На страната на украинската војска се бори и „Полскиот волонтерски одред“, објавија интернет порталите Polsatnews.pl и Wprost.pl, повикувајќи се на пораки на Телеграм и видео на кое наводно се гледаат платеници на пат кон Белгород.
Според Polsatnews, „Полскиот волонтерски одред“ е формиран во февруари и првично се борел на страната на украинската армија како независна единица составена исклучиво од Полјаци. Во меѓувреме почнале да соработуваат со „Рускиот доброволечки одред“.
Порталите не наведуваат колку Полјаци учествуваат во борбите.