За жал, многу луѓе денес избираат да останат во лоши, токсични односи, бидејќи се плашат да бидат осамени и критикувани од другите. Но, вистината е, дека да не си во врска не е ниту страшно, ниту нешто за што треба да се срамите, и тоа сигурно не значи дека сте осамени.
Јас ова најдобро го знам. Да бидам сама и да не бидам во врска, пред некое време за мене беше страшна помисла. Но, откако се запознав со неколку момци кои ме натераа да се чувствувам ужасно, сфатив дека не е страшно да си сам, туку страшното е да си во токсична врска.
Знам како е да си повреден, а последното нешто што сакам е повторно да се ставам во таа ситуација.
Слободата ми помогна да научам нови работи за себе и ми даде можности кои никогаш не знаев дека постојат. Ми даде нови перспективи за животот и ми овозможи да ги истражувам внатрешните длабочини на мојата душа и да се посветам на самата себе.
Сепак, не сакам да бидам погрешно разбрана. Не велам дека љубовта е безвредна или дека односите се губење време, но тоа едноставно сега можеби не е вистинско време.
Што се однесува до мене, со гордост можам да кажам дека не се плашам да бидам сингл, се плашам да бидам со момче на кое не му е воопшто гајле за мене.
Еве и зошто:
- Не се плашам да бидам сама, се плашам да бидам со некој кој не ми дозволува да бидам јас
Не се плашам да уживам во друштво со сама себе. Се плашам да бидам со момче кое не ме прифаќа таква каква што сум. Со некој кој не може да ги прифати моите недостатоци и постојано се обидува да ме промени во согласност со неговите потреби и желби.
Момче кое го критикува секој чекор што го правам. Момче што ме тера да се чувствувам дека не сум доволна.
Момче кое не ми дозволува да ги правам работите што ги сакам и кое не ги почитува моите граници и ја ограничува мојата слобода. Дечко што не ми дозволува да бидам јасна, несмасна, смешна и саркастична девојка.
2. Не се плашам поминувам време сама со себе, се плашам да го поминувам времето во лошо друштво
Јас не се плашам да јадам вечера во мојот омилен ресторан сама, или сама да одам во кино, или да пазарувам по продавници бидејќи се чувствувам удобно во сопствената кожа и уживам да бидам сама.
Но, се плашам да го правам сето ова со некој кој не сака да минува време со мене. Некој кој гледа на поминатото време со мене како само уште една обврска што мора да ја исполни. Некој со кого не споделувам ништо заедничко.
3. Не се плашам да спијам сама, се плашам да се будам до странец
Не ми пречи да си легнувам и да се будам сама, барем сега, но се плашам дека ќе се разбудам еден ден и нема да го препознаам лицето од моја страна, за кого мислев дека толку добро го познавам. Се плашам дека тој нема да биде толку шармантен, љубезен, нежен и чувствителен човек со кој се вљубив.
Се плашам да се разбудам до момче кое ќе престане да ме сака и да се грижи за мене и на кого повеќе не му значам ништо.
4. Не се плашам да направам грешки, се плашам да бидам со погрешен човек
Грешките се дел од животот и честопати тие се највредните лекции што животот може да нè научи. Не се плашам од моите грешки затоа што ме учат што треба или што не треба да направам за да се чувствувам добро за себе. Единствената грешка од која се плашам е да бидам со погрешен човек.
Со човек кој ќе морам да го молам за своето внимание и љубов. Со човек кој ќе ме излаже со своите слатки зборови и ветувања. Со момчето кое ќе има измешани чувства за мене и кој ќе се запраша дали вредам за да се смири.
5. Не се плашам да водам љубов, се плашам да водам љубов без да сум сакана
Не сакам да бидам со момче кое повеќе се фокусира на физичкото отколку на емоционалното. Со момче кое е добро во кревет, но нема вистински емоции, и кое само се грижи за задоволување на неговите потреби. Со дечко кој ме гледа повеќе како објект.
Не сакам да го дадам моето тело на човек кој не заслужува ништо од она што можам да го понудам. Дечко со кого ќе се дружам, но нема да ја чувствувам неговата топлина и љубов кон мене. Дечко кој е заинтересиран само за физичко поврзување со мене, но никогаш нема да е заинтересиран за емоционално и ментално поврзување.
6. Не се плашам од разговори, се плашам да разговарам со дечко кој не ме разбира
Се плашам да бидам со дечко кој е физички присутен само кога разговарам со него, но кој никогаш не внимава на она што треба да му го кажам. Дечко со кого ќе имам мали, здодевни разговори, бидејќи немаме што да споделуваме меѓу себе.
Дечко кој ги критикува и не ги почитува моите идеи, мислења и ставови и кој се обидува да ме убеди дека тој е оној кој секогаш знае што е вистина и што не е во ред.
Се плашам да бидам со момче кое не може да направи значајни и интересни разговори.
7. Не се плашам да плачам, се плашам да бидам повредена
Солзите не ме прават помалку жена – не се плашам од нив. Но, се плашам да бидам со момче кое ќе ги повреди моите чувства и ќе го скрши моето срце. Дечко кој ќе има срце да лаже и да ме измами. Дечко кој нема да се срами да ми вети куп лажни ветувања и оправдувања кога ќе ги прекрши работите.
Се плашам да бидам со момче кое нема да се грижи за тоа како се чувствувам и кој нема да се однесува со мене со иста количина на љубов, почит и сочувство кон мене.
8. Не се плашам да бидам сама се плашам да бидам со момче на кое не му е грижа за мене!
Научив да уживам во мојата сопствено друштво, но се плашам целосно да се посветам на еден човек кој не го заслужува дури и најмалото парче од мене. Со дечко кој ќе ме третира само како негова опција и никогаш нема да сум му приоритет. Дечко кој ќе ме третира со љубов и љубезност само кога сака да добие нешто од мене или кога му требам да си го зајакне егото.
Се плашам да бидам со момче кое ќе ме натера да не се чувствувам сакано, заштитено и емотивно исполнето. Дечко кој нема да може да ги слушне некажаните мисли, нема да ги чувствува емоциите што се зборуваат без зборови и се излеваат до најдлабоките делови на мојата душа. Дечко кој нема да биде доволно храбар да сака и да се гордее со мене и со моите достигнувања и кој нема да ме инспирира да станам подобра верзија на мене. Не сакам да сум со таков дечко.