Не се сомневавме дека Стево Пендаровски не ќе има поразличен став од Димитар Ковачевски и нивниот стопан во власта, ДУИ. А замислите да се дрзнеше да има став со кој што ќе ги брани националните и државни интереси. Обврска е на Стево Пендаровски да прави што мисли дека е најдобро за државата и народот, а не што е добро за Димитар Ковачевски и ДУИ, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Пендаровски дека одложено дејство на уставните измени не е можно.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, и дека нема поместување од јасните позиции. Партијата соопштува дека несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција. За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење. Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој која дава или зема, тоа го прави само народот на избори, соопштува партијата.