Македонија по болниот домашен пораз од Украина, покажа дека не може да се „носи“ со моќната Англија, примајќи три гола во првото полувреме.
Герет Саутгејт не калкулираше и излезе со својот најсилен состав, и тие ја покажаа својата сила во првото полувреме. Хери Кејн во 29. минута од мечот постигна лесен гол по убавата акција на двоецот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Лук Шо, за десет минути подоцна, Букајо Сака да постигне прекрасен гол, а во 45. минута од мечот, слабата реакција на целата македонска одбрана дозволи Маркус Рашфорд да постигне гол на својот стадион.
Во второто полувреме кое е во тек, Англичаните досега постигнаа уште два гола, па сега е водат со 5:0.