После поразот од Украина која во Скопје и не победи 2:3, по нашето водство во првото полувреме од 2:0, вечерва репрезентацијата на Македонија загуби од Англија со 7:0.

Хари Кејн прв го најде патот до мрежата на Столе Димитриевски во 27′ минута, Букајо Сака во 38′ минута зголеми на 2-0, а Рашфорд во 45′ ги постави во првиот дел конечните 3-0.

По очајниот прв дел, не не очекуваше ништо подобро ни во второто полувреме.

Букајо Сака со головите во 47-ма и 51-ва минута зголеми на 5:0, а Калвин Филипс во 65′ и Кејн во 73′ само ставија печат на конечните 7-0 и најтешкиот пораз на Македонија во историјата.

Играчите на спорткса прогноза знаат дека ако некој ги споил двата натпревари, 1-2 со Украина и 7+ со Англија и на тоа вложил солидна сума, заработил милиони. Некои од играчите веќе ги споделуваат на ФБ своите ливчиња со 7+ од вечерашниот натпревар, но со уплати на мали суми.