Презвитер Ивица ТОДОРОВ
Браќа и сестри, христијани и христијанки, одговорни граѓани и граѓанки на Македонија, Македонци, Македонки, мажи и жени, родители, синови, ќерки и внуци на 29 јуни 2023 година Синодот на МПЦ – ОА Ве повикува од 18 часот пред Соборниот храм “Св. Климент Охридски” да засведочиме дека за нас е неприфатлив предлог законот на Владата со кој се озаконува родовата еднаквост.
Под РОДОВА ЕДНАКВОСТ (од идеолозите на родовата/ gender идеологија намерно е избран терминот РОД кој за нив нема врска со раѓање и живот, со РОДителство, а има врска со патологија и перверзна античовечка стратегија)
СЕ ПОДРАЗБИРА можноста некој наш сограѓанин или сограѓанка, само затоа што се чувствува како маж, а е жена, или се чувствува како жена, а е маж, или се чувствува родово неутрален (ни жена ни маж) или родово активен (маж и жена во исто време) да може ова свое чувство, ова свое моментално самодоживување да го озакони пред државата, а државата ова негово лично родово/ gender доживување да го прифати како општествено социјална реалност!
Дали можете да ги замислите последиците во реалното живеење од озаконувањето на нечие флуидно самочувствување на самиот себе кое може на дневна основа да варира од маж до жена, од жена до маж, од жена или маж до родово неутрален или родово активен. . . и плус тука нема ограничување на возраст, целна група се и малолетните деца и старите луѓе!
Претставниците на извршната и законодавната власт, ако го прифатат овој закон, а против истиот се над 95% од граѓаните на Македонија, ќе покажат по не знам кој пат дека тие не се грижат за интересите и за доброто на своите граѓани, туку послушнички и понизно одработуваат за туѓи центри на моќ и прифаќаат ненаучни и патолошки идеологии кои веќе се сериозно критикувани и разобличувани и во државите кои денес лобираат за овие разрушителни идеологии (lgbtiq/gender) да бидат прифатени и озаконети и во нашата држава и во нашето општество!
29 јуни (четврток) 2023 година! 18 часот! Сите пред Соборниот храм “Св. Климент Охридски! Се ни земаа, уште бракот, семејството и душата останаа! Изгледа тука некаде е црвената линија!
Ве замолуваме ова соопштение да го споделувате со вашите РОДнини, пријатели, соседи, браќа и сестри од Црква, познаници за на 29 јуни 2023 да засведочиме дека сме наРОД кој е нормален и ја почитува нормалноста! Да засведочиме дека сме наРОД кој има разбирање зе сечиј проблем и искушение, но и да засведочиме дека имаме црвена линија која нема да дозволиме некој да ја помине, а таа црвена линија е сигурноста, здравоста, безбедноста, иднината, нормалноста и благословеноста на нашите семејства, на нашите деца, на нашиот РОД и на нашиот НАРОД!
од „ДОДОМА“
Движење за организирана духовна обнова на МАКЕДОНИЈА