14 Македонци и еден Италијанец како и седум фирми од кои 4 македонски и три италијански, се дел од осомничените во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) наречена „Феникс“. Иако не беа споменати со име и презиме сепак според функциите и времето за кое што се води истрагата, во случајот „Феникс“ осомничени се експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев како и двајцата поранешни градоначалници на Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова. Сите 15 се осомничените за/или злоупотреба на службената положба и перење пари при изградбата на 10 споменици дел од прокетот во јавноста познат како „Скопје 2014“.
Тој уште кажа дека истрагата се водела и со меѓународна правна помош во пет други држави во светот.
„Од втората половина на 2007 година, првоосомничениот (Никола Груевски) искористувајќи ја службената положба како претседател на Владата, како и тогашниот советник и градоначалник на Општина Центар, се приврзале за добивање значајна корист. Осомничените почнале со реализација на проект ‘Скопје 2014’ за кој не постои програма, документ од надлежен орган. Иако станувало збор значајни за државата, иницијативите се поднесувале пред Совет на Општина Центар, па се отпочнувале постапки за меморијални споменици за кое единствено надлежно е Собранието. Осомничените потпишувале незаконски владини одлуки и трансферирале средства во Општина Центар. Осомничените си обезбедиле финансиски средства, вкупен износ од 57,6 милиони евра“, објави надлежниот обвинител Љубомир Лапе.