-Содржината на пријавата првенствено вклучува сомневања за рачна распределба на предметите, иако Сејдини бил должен тоа да го прави преку електронскиот АКМИС систем. Според анонимните пријави од вработени, Сејдини е осомничен и дека неодамна вработил две лица во судот, но според нив, тоа е спротивно на законот бидејќи се работи за мајка и ќерка и дека во овој случај има конфликт на интерес, објави телевизијата.
Пријавата содржи и тврдење за намерно застарување на над 190 предмети од 2021 до 2023 година, главно финансиски предмети од Царината и од Управата за јавни приходи. Неофицијално, нанесената штета на државниот буџет би изнесувала милиони евра. Засега не се знае дали ваква буџетска штета е констатирана и во Финансиската полиција и Антикорупциската комисија.