Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска во напад на градинка во Лианџијанг на југот на Кина, соопштија локалните власти.

Меѓу седумте жртви има „наставник, двајца родители и тројца ученици“, додека осомничениот за нападот е уапсен, соопштија локалните власти, додавајќи дека детали за идентитетот и возраста на жртвите и видот на оружјето што е употребено се уште не се познати.

Нападот се случил околу 7:40 часот по локално време во градот Лианџијанг во провинцијата Гуангдонг.

Во Кина е забрането поседување огнено оружје. Меѓутоа, нападите со нож се зголемени во последните години во таа земја.