Ексцентричната адаптација изгледа многу квалитетно, а конечниот епилог ги надминува очекувањата.

Повеќето ќе се согласат со ова откако ќе ги погледнат фотографиите од обработката. Станува збор за темелна преработка потпишана од „Car Effex“, а е направена на барање на сопственикот – раперот Лил Узи Верт.

Еден од најлуксузните теренци беше темелно модифициран од американскиот производител на каросерии, што резултираше со радикални промени во карактеристиките на возилото. За разлика од некои претходни преработки со невкусни додатоци, работите овде се екстремни.

На тој начин „Cullinan“ остана без покрив, па ова возило повеќе не може да се користи на дожд. Очигледно, моделот за редизајн беше „Maybach Landaulet“ од 2017 година, кој се базира на „Mercedes G-Class“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CarEffex (@careffex)

Не беше поштеден ниту багажникот. Сега има огромни звучници и плоча „Cullinan Vert Edition“.

Багажниот простор е обложен со кафена кожа, исто како и внатрешноста на возилото.

Предната маска е обоена половина бела и половина виолетова. А на врвот на хаубата е преработена статуетка „Духот на екстазата“, сега украсена со дијаманти.