Не за рудници, стоп за манипулации!. Незадоволни граѓани, екологисти, претставници на црквата, на протест го искажаа своето незадоволство за споената концесија за рудниците Иловица – Штука.
Поддршка им дадоа и министерката за животна средина, Шукова и за труд, Тренчевска. Бараат да се спречи отворање на рудникот за екплоатација за минерални суровини, бакар и злато.
Дел од жителите од струмичкиот регион, својата егзистенција ја гледаат токму во отворањето на рудникот. Велат, ќе им отвори нови работни места и ќе им донесе многу пари.
Протестите се обновија, откако Владата на 5 јули им ги и продолжи роковите за спојување, и да им даде комбинирана концесија, отако во 2019-та им ја одзеде за непочитување на законите.
Сега, дел од министрите велат – владата ќе ја пресипита одлуката , ако има штетни елементи, ќе се поништи.
Од Еуромакс пак, велат дека ја разбираат загриженоста на народот, но таа е резултат на негативната кампања што се водела против нив, каде се пласирале невистини.
Затоа ги повикаа сите заинтересирани граѓански здруженија, локалната самоуправа и експертите да формираат Независно Мониторинг Тело, каде сите заедно ќе го следат процесот на реализацијата и работење на рудникот.
Ако не им се дозволи да го отворат рудникот,, потенцијалната штета која би ја платила државата би била најмалку 1 милијарда евра, велат од Еуромакс Ресурсес.