Најмалку 45 лица загинаа во директен судир на два автобуса во Зимбабве, соопшти денеска полицијата.
Портпаролот на полицијата Пол Нијати изјави дека двата автобуса, кои се движеле во спротивен правец, директно се судриле кај Русапе, место на околу 170 километри источно од престолнината Хараре.
Весникот „Хералд“ пишува дека локалната мртвачница може да прими само 16 тела, што е многу малку во однос на бројот на жртвите.
Автобуските несреќи се чести во оваа јужноафриканска земја, каде што превозниците често не го почитуваат ограничувањето на брзината, бидејќи се обидуваат да завршат што повеќе „тури“.