Професорот Јарослав Рубаха од Универзитетот Вармија и Мазури во Олштин, Полска вели дека во полската историографија е прифатено дека Илинденското востание во 1903 година било раководено само од Бугари, а не од Македонци.

Професорот Рубаха во интервју за БГНЕС вели дека ги истражувал реакциите по востанието на македонските Бугари во тогашниот полски печат.

– Бугарската теза за Македонија е историски издржана. Јас се занимавам со бугарската историја и не можам да поддржам други тези за ова прашање, вели Рубаха.

Тој изјави дека интересот на Полјаците за Балканот се манифестирал веќе на почетокот на 20 век.

– Полската научна мисла е поделена на два дела. Се препознава бугарскиот карактер на Македонија. Друг дел се согласува со српската верзија, која ја претставил Цвијиќ во 1905 година, вели Рубаха.

Тој е запознаен со историскиот спор меѓу Бугарија и Македонија и сака двете страни да го прекинат овој спор.

И бугарскиот претседател Румен Радев деновиве го нарече Илинденското востание бугарско.