Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски очекува со две победи, против Лихтенштајн и Гибралтар да го освои првото место во групата од УЕФА Лигата на нации.

– Се зависи од нас. Имаме три бода предност пред последните два меча. Фаворити сме и се надевам дека ќе ја оправдаме улогата и со две победи ќе одиме понатаму. Причините за поразот во Ереван беа индивидуални грешки, имаше критики за нашата игра, дел од нив сосема ги оправдувам. Но, критиките се составен дел од нашата работа. Ние одиме понатаму, обединети сме повеќе од било кога. Нема да дозволиме еден пораз да ја разниша целата атмосфера која ја градевме три години“, изјави селекторот.

Македонија на 16 ноември гостува во Лихтенштајн , три дена подоцна го пречекува Гибралтар.

– Лихтенштајн е противник со кого веќе игравме претходно. Очекувам да влеземе максимално сериозно и да ја добиеме првата средба. Потоа ќе следи Гибралтар и ќе размислуваме за него. Македонија е фаворит на овие два меча, но мора да ја оправдаме улогата. Ќе играме офанзивно како и секогаш. Примарна цел ќе биде да се добијат натпреварите, а ако се даде можност победата да биде што поубедлива, ќе се потрудиме да го направиме тоа, вели Ангеловски.