Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, истакна дека натпревари од Ла лига нема да се одржат во САД.

Оваа идеја е промовирана од претседателот на првенството Хавиер Тебас, кој веќе склучи договор со компанија што е подготвена да организира одделни натпревари преку океанот.

Веќе постои и договор да се одржи натпревар меѓу Жирона и Барселона на 26 јануари во Мајами.

Сепак, на оваа идеја му се спротивставија Шпанската федерација, Сојузот на играчи и ФИФА.

– За мене приказната за Мајами е минато. Немам ништо повеќе што да кажам за ова. Ниту една од организациите чие одобрување за оваа идеја е потребно не даде зелено светло. Ова е веќе застарена вест. Немам што да му кажам на Тебас. Го почитувам, но сакам и мене да ме почитуваат. Неопходно е да се земат предвид сите мислења. Федерацијата е одговорна и за лигата и за клубовите. Можеби односот меѓу нас не е толку топол, но мора да работиме заедно за доброто на фудбалот, изјави Рубиалес.