Актуелниот шампион на НБА, Голден Стејт Вориорс претрпеа прв домашен пораз од Милвоки 111-134 и со тоа прекинаа низа од осум последователни победи.

Но, повеќе од поразот навивачите на Вориорс ги загрижува повредата на најдобриот играч Стивен Кари кој се повреди во третата четвртина. Актуелниот првак веќе на полувреме имаше 13 кошеви помалку од противникот, а во третата четвртина дури 26. Потоа, враќањето беше невозможно.

Останати резултати

Оклахома Сити 98 – 80 Хјустон Рокетс
Фенис Санс 109 – 116 Бостон Селтикс
Портланд Треилблејзерс 116 – 105 Лос Анџелес Клиперс